Министерството за култура демантира дека националните установи Македонска опера и балет и националната и универзитетска библиотека Свети Климент Охридски во Скопје ќе добијат нови барокни фасади.
„Министерството за култура најостро ги демантира паушалните и невистинити информации кои ги пласираа некои од медиумите и некои претставници на политички партии, а кои се однесуваат за наводна барокна промена на постоечките фасади на националните установи Македонска опера и балет и националната и универзитетска библиотека Свети Климент Охридски во Скопје“, се вели во демантот.
Понатаму од Министерството за култура напомнуваат дека станува збор за национални установи чии објекти се изградени според конкретни идејни решенија во втората половина на минатиот век и нивниот изглед е автентичен со тоа нема да има никаква промена на фасадите на овие објекти.
-----
Македонската опера и балет, Националната универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ и Градскиот трговски центар, за сега се спасија од квази барокните интервенции од страна на државата. Уставниот суд одлучи со мнозинство гласови да поведе постапка за преиспитување на членот 50 од законот за просторно и урбанистичко планирање.
Владата минатата година овие објекти се обиде да ги прогласи за објекти од посебен интерес за државата (што во суштина и се), но се со цел да може да и ги одземе ингеренциите на општина Центар над нив. Тоа значи државата без согласност на општината да може да дава дозвола за градба, доградба и реадаптирање на објектите. Во случај на наезда на фасадно реобликување на објектите низ центарот, ваквото преиспитување на одлуката може да биде суштинско. Решението за постапката судот треба да ја достави до собранието и владата, а институциите треба да одговорат до 40 дена. По добивањето на одговорите, судиите ќе гласаат за членот 50.