Дотке, глеам 10 пати си пишала сите да пишуваат статуси кој што однел. Не бива така, на секој пост да ти пишува некој по 100 пати што документи однел и што му побарале. Секој овде (скоро 90%) има напишано во некој свој коментар со какви документи аплицирал, што однел за допуна (ако бил на допуна) и така натаму. Кликни на името од членот од форумот, еве конкретно кај мене, ке ти се појави дел „мислења“ (677 се кај мене) и ќе можеш да видиш се што сум пишал, се што сум однел и како сум поминал се. Исто и кај другите. Не се должни сите овде на тебе да ти пишат секој посебно кој што носел (по 100 пат). Веќе го имаш сето тоа на темата, треба само да побараш, ок? Разбра? Ако не, копирај текстот и на гугл транслејт. И те замолувам, ова е македонски форум, овде 1 правило на форумот е да се пишува на македонски (сакаш латиница, сакаш кирилица), ако не можеш, барем потруди се, ќе видиш дека не е тешко. Ако може ние македонците во секоја прилика да ви одговараме на лош српски или бугарски (наша добра воља), би било убави и ти и другите овде што пишувате на српски, што идете да дискутирате и да поставувате некакви правила на македонски форум, да се потрудите малку, барем малку да пишувате на македонски. Ништо немам против српско-хрватскиот, сум го учел во основно училиште, сум живеел во СФРЈ (да, по стар сум :anco::D ), перфектно го зборувам и разбирам, ама има овде многу помлади членови што им е тешко некој пат да го разберат српско-хрватскиот јазик, и не можат да ве разберат добро што пишувате, па така и не можат да ви одговорат како сакате. Капиш? Па би Ве замолил, од мое име и од име на модератори, админи и многу членови овде, барем малку да се потрудите да пишувате на македонски, по лесно ќе бидете разберени и ќе добиете одговор на тоа што е интересира. Ако не можете, користете гугл транслејт. Така правеа предходно неколку членови на темата од турска, руска, па и израелска националност со кои имам комуницирано во приватни пораки и на темата.
Тоа е. Да не се разбереме грешно, немам ништо против Вас, напротив, многу ми е мило што сте овде на темата, што заедно минуваме низ цела процедура споделувајќи меѓусебно информации што ни се потребни околу процедурата. И многу Ве сакам:backa:. Нема љутење...тоа се правилата овде во нашата куќа, кај Вас дома Вие поставувате правила, а ние ќе одиме според нив.
Ако не можеш да ме разбереш, копирај го текстот и КЛИКНИ ОВДЕ:D
Поздрав и се најдобро.