Премиер лига на Египет

Премиер лига на Египет е професионална лига на египетските фудбалски клубови и претставува највисоко ниво на египетскиот лигашки фудбал. Лигата е составена од 18 клубови кој меѓу себе се натпреваруваат во 34 лигашки кола по системот секој против секого во два натпревари еден на домашен терен и еден во гости.

Премиер лига на Египет
Земја Египет Египет
Конфедерација КАФ
Основана 1948
Број на клубови 18
Нивоа на пирамида 1
Испаѓање во Втора Дивизија на Египет
(втора лига)
Домашен куп Куп на Египет
Тековен првак Ал Ахли Ал Ахли (39-та титула)
(2016–17)
Најмногу титули Ал Ахли Ал Ахли (39)
Мрежно место egyptianproleague.com
Премиер лига на Египет 2023-2024

Актуелен шампион е Ал Ахли, а тоа воедно е и екипата со најголем број на титули вкупно 39.

Формат на натпреварување и спонзорство уреди

Натпреварување уреди

Во Премиер лигата на Египет се натпреваруваат 18 клубови. Сезоната трае од август до мај. Во текот на сезоната, секој клуб игра двапати со другите клубови, еднаш на нивниот домашен стадион и еднаш на оние на нивните противници, што вкупно прави 34 натпревари. Екипите добиваат три бода за победа и еден бод за нерешено. Не се доделуваат бодови за пораз. Тимовите се рангираат според вкупниот број освоени бодови, потоа директните соочувања, потоа гол-разликата, и на крајот по бројот на постигнати голови. На крајот од секоја сезона, клубот со најмногу бодови е крунисан за шампион. Ако бодовите се еднакви, директните соочувања, гол-разликата, и бројот на постигнати голови го одредуваат победникот. Трите екипи кој се најниско рангирани испаѓаат во Втората лига, а првите три екипи од трите групи во втората лигата, заедно, добиваат промоција на нивното место.

Спонзорство уреди

  • 2005–2007: Водафон Премиер лига на Египет.
  • 2007–2011: Етисалат Премиер лига на Египет.
  • 2011–2014: Водафон Премиер лига на Египет.
  • 2014–денес: Презентејшн Премиер лига на Египет.

Екипи уреди

Екипи во сезоната 2017-2018 уреди

Местоположба на екипите учесници во Премиер лигата на Египет во сезоната 2017–2018

Шампиони уреди

Титули по клубови уреди

Екипа Титули Години
  Ал Ахли
39
1948–1949, 1949–1950, 1950–1951, 1952–1953, 1953–1954, 1955–1956, 1956–1957, 1957–1958, 1958–1959, 1960–1961, 1961–1962, 1974–1975, 1975–1976, 1976–1977, 1978–1979, 1979–1980, 1980–1981, 1981–1982, 1984–1985, 1985–1986, 1986–1987, 1988–1989, 1993–1994, 1994–1995, 1995–1996, 1996–1997, 1997–1998, 1998–1999, 1999–2000, 2004–2005, 2005–2006, 2006–2007, 2007–2008, 2008–2009, 2009–2010, 2010–2011, 2013–2014, 2015–2016, 2016–2017
  Замалек
12
1959–1960, 1963–1964, 1964–1965, 1977–1978, 1983–1984, 1987–1988, 1991–1992, 1992–1993, 2000–2001, 2002–2003, 2003–2004, 2014–2015
  Исмаили
3
1966–1967, 1990–1991, 2001–2002
  Терсана
1
1962-1963
  Газл Ел-Махала
1
1972–1973
  Ел Олимпи
1
1965–1966
  Ел Мокавлон
1
1982–1983

Двојна круна уреди

Следните тимови ја освоиле двојната круна, односно го освоиле првенството и Купот на Египет во истата сезона:

Поврзано уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди