The Wayback Machine - https://web.archive.org/web/20080629050307/http://www.smk.org.mk:80/
  Недела, 29. јуни, 2008 година, 07:03
Историја
Статут
Цели и задачи
Органи на СМК
Постојани мисии
Македонски сенатори
Одликувања
Светски македонски младински конгрес
Амблеми

Референдум
Архива на Референдум
Вести
Архива на Вести
Фото галерија
Активности - Настани
Архива на Активности - Настани
СМК во медиумите
Службен весник на СМК
Публикации
Контакти
Линкови

Историја на Македонија и Mакедонците
Мапи од Македонија
Македонски национални празници
Македонска национална програма
Фондација за Македонија
Фондација Кераца Висулчева
Институт за македонски студии - Македонија

ЈАВНА ПОКАНА ЗА 18 ИЗБОРНО ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА СМК НА 9 АВГУСТ 2008
19 јуни 2008 година, Скопје, Македонија - Осумнаесеттото Изборно Генерално Собрание на Светскиот Македонски Конгрес ќе се одржи на 9 август 2008 година (сабота) со почеток во 10.30 часот во Големата сала на Стопанска комора на Македонија (до Министерството за образование, над ресторант “Мекдоналдс” во центарот на Скопје).
09.08.2008 извор: СМК прочитај повеќе
ДОБРОСОСЕДСТВО ГЕНОЦИД И ОКУПАЦИЈА: АТИНА ПОДГОТВЕНА ЗА ВОЕНА АГРЕСИЈА ВРЗ МАКЕДОНИЈА?!
26 јуни 2008 година, Скопје, Македонија - Македонија е жртва на грчкиот геноцид врз македонскиот народ, кој како злосторство против човештвото, Атина континуирано и систематски го врши од поделбата и окупацијата на Македонија во балканските војни од 1912 година, со намера да ги сотре Македонците од земјината топка, до кулминација во барањето за промена и на државното име Македонија. Од распаѓањето на поранешна СФРЈ, единствена цел на Атина пред светот е да покаже дека на оваа територија не може да се организира држава, или дека власта нема капацитет да воспостави демократија преку фер слободни и демократски избори, како алиби за отфрлање на барањето на Македонија за сојуз со Европската Унија и НАТО.

Притоа, Македонците не го забораваат осумнаесетмесечното ембарго на Атина на границата со Македонија во 1994 и 1995 година.

За тој континуитет, од извори блиски на Владата во Атина, домашната и меѓународната јавност сакаме да ги информираме за лицемерието на грчката политика на добрососедство према Македонија.

Светскиот Македонски Конгрес од македонската влада, Европската Унија и НАТО бара истрага и санкции за одлуката на Владата во Атина за воена агресија врз Македонија во октомври 1992 година, според доктрината на истурена одбрана со окупација, односно завземање и задржување на дел од територијата на Македонија во правец Прилеп-Струмица. Одлуката се уште е во сила. Како подготовка за воената агресија, Атина на границата со Македонија го распоредува првиот армиски корпус (од вкупно четирите) во регионот на Лерин и Воден према Пелагонија вршејќи десант на границата кај Меџитлија и во регионот на Кукуш према Вардарската долина.

Поради неусогласеност меѓу релевантните парламентарни политички партии, како законска обврска од грчкиот закон за одбрана во случај на воена агресија, воената агресија на Атина врз Македонија не е извршена, а распоредувањето на грчката армија на границата према Македонија завршува како воена вежба “Александрос 92” (за првпат употребувајќи го името на Александар Македонски на една воена вежба), како борба со замислен непријател кој напаѓа од север, окупира дел од територијата на Северна Грција, Атина го протерува и окупира дел од територијата на Македонија.

Со одлука на Врховниот командант на Вооружените сили на Македонија и Генералштабот на АРМ, спроведена е десетдневна мобилизација на специјални единици према границата со Грција во борбена готовност, за цело време на траењето на грчката воена вежба.

Спротивно на стандардите на КЕБС и копенхагенските критериуми, во коишто спаѓа и забраната од воени вежби на самата граница, наместо во длабочина на сопствената територија, Атина воената вежба ја прави на границата со Македонија, за тоа не ја известува иако е должна да ги извести прво соседните земји, ниту пак ја кани во анализата на резултатите од воената вежба по нејзиното завршување, иако во Атина е поканета делегација на посеверниот сосед СР Југославија. Патем, тоа е време кога Милошевиќ и Мицотакис (чија ќерка е Дора Бакојани) прават договор во Лондон за поделба на Македонија.
26.06.2008 извор: СМК прочитај повеќе
МАКЕДОНЦИТЕ ГО ОТФРЛААТ СОЈУЗОТ СО ЕУ И НАТО, АКО ЕУ И НАТО ОСТАНАТ ЗАЛОЖНИЦИ НА ПОСЛЕДНИОТ БАСТИОН НА ФАШИЗМОТ, РАСИЗМОТ И АНТИСЕМИТИЗМОТ ВО ЕВРОПА - АТИНА!
18 јуни 2008 година, Скопје, Македонија - Иако фашизмот е поразен во Втората Светска Војна, а Македонците се горди поради учеството во антифашистичката коалиција кога крваво го потврдија неотуѓивото право на македонското самоопределување и државност, Светскиот Македонски Конгрес изразува жалење бидејќи Европската Унија и во 21 век останува заложник на последниот бастион на фашизмот Атина, која не може да се одлепи од антимакедонизмот и геноцидот врз македонскиот народ што континуирано и систематски ги врши од поделбата и окупацијата на Македонија во балканските војни од 1912 година, со кулминација во барањето за промена на името на државата Македонија.

Ако грчкиот геноцид врз македонскиот народ и промената на државното име Македонија се вредност за солидарност во Европската Унија и НАТО, Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет го отфрлаат сојузот со ЕУ и НАТО бидејќи самите ги погазуваат сопствените копенхагенски критериуми и Повелбата за Нова Европа на кои ја упатуваат државата Македонија.
18.06.2008 извор: СМК прочитај повеќе
АЛИ АХМЕТИ НЕ СМЕЕ ДА ГАЗИ ПО СВЕТОСТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ - ИМЕТО НА ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА!
17 јуни 2008 година, Скопје, Македонија - Ако Али Ахмети за резултатите од прегласувањето на вонредните парламентарни избори на 15 јуни 2008 година вели дека “никој не може да ја победи волјата на народот”, со кое право во односите со Атина за грчкиот весник “Та Неа” нуди компромис за државното име Македонија “имајќи ја предвид историската, географската и културната чувствителност на јужниот сосед”, притоа заборавајќи ја волјата на мнозинскиот македонски народ од референдумот на 8 септември 1991 година со кој живее во државата Македонија “за самостојна и суверена држава Македонија” без додавки и придавки, заборавајќи ги и неговите сопствени етнички корени, тоа што и Македонците и Албанците ги обединува, заборавајќи дека Атина не признава никакви права на околу два милиони Албанци во Чемерија и цела Грција?
17.06.2008 извор: СМК прочитај повеќе
ИЗБОРНО ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНСКОТО ДРУШТВО “СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО БААР, ШВАЈЦАРИЈА
17 јуни 2008 година, Скопје, Македонија - На 8 јуни годинава, Генералното собрание на Македонското друштво “Свети Кирил и Методиј” во Баар Швајцарија, избра нов управен одбор за наредниот двегодишен мандате во состав: Гордан Ристовски претседател, Дејан Ристов секретар, Никола Мицев благајник, Васе Масинов член на управата и Славе Грчев ракоодител на просториите на Македонското друштво.

Сите контакти и информации со Македонското друштво може да се остваруваат на адреса: Mazedonischer Verein "St. Kiril und Metodij", Postfach 2519, 6342 Baar, Swiss.

Светскиот Македонски Конгрес упати честитки до новоизбаната управата посакувајќи натамошна соработка, размена на искуства и информации и координација.
17.06.2008 извор: СМК прочитај повеќе
ГРЧКОТО ВЕТО И ГЕНОЦИД ЌЕ ЈА ВРАТАТ МАКЕДОНИЈА ВО ЕТНО-ИСТОРИСКИТЕ ГРАНИЦИ ОД ПРЕД ПОДЕЛБАТА И ОКУПАЦИЈАТА ВО 1912 ГОДИНА!
17 јуни 2008 година, Скопје, Македонија - Македонците нудат историски договор за помирување со Грците. И покрај тоа што се жртви на грчкиот геноцид и окупација, Македонците во знак на добра волја за толеранција и коегзистенција го променија државното знаме, ја прифатија непровредливоста на границата, ја придодадоа уставната референца “Република” пред државното име Македонија како јасна дистинкција од истоимената северна грчка провинција и согласни се дека културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации.

Но, доколку Атина и натаму продолжи со геноцидот врз македонскиот народ и инсистира на промена на името на државата Македонија, злоупотребувајќи го ветото за сојуз на Македонија со НАТО-Алијансата и Европската Унија, Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет поучени од косовскиот статус, ќе го актуелизираат прашањето за Македонија во етно-историските граници од пред поделбата и окупацијата од балканските војни во 1912-1913 година!
17.06.2008 извор: СМК прочитај повеќе
ОСКВЕРНАВЕНИ МАКЕДОНСКИ ГРОБОВИ ВО АВСТРАЛИЈА
16 јуни 2008 година, Нов Јужен Велс, Австралија - На гробиштата во областа Иливара во Нов Јужен Велс, Австралија, осквернавени се четириесетина македонски гробови.

Полицијата соопшти дека за време на викендот вандализирани се 37 гроба, искршени се надгробните плочи и вазните, додека религиозните предмети се расфрлани наоколу по гробиштата, јужно од Волонгонг,.

На македонскиот дел на гробиштата расфрлени се религиозни икони, искршени стакла од надгробните плочи и останати предмети.

Македонската заедница во Иливара е скршена од болка од сквернавењето на гробовите што се случи за време на одбележувањето на Духовден.
16.06.2008 извор: СМК прочитај повеќе
КОГА ОБАМА ЗБОРУВА ЗА МАКЕДОНИЈА ПОРАДИ АТИНА ТРЕБА ДА СЕ ПРИСЕТИ НА ГЕНОЦИДОТ НА СВОИТЕ ЦРНИ ПРЕТЦИ ОД АФРИКА ВО АМЕРИКА!
14 јуни 2008 година, Скопје, Македонија - Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет со индигнација ја отфрлаат изјавата на демократскиот кандидат за претседател на Соединетите Американски Држави, Барак Обама, за поддршка на Атина во геноцидот врз македонскиот народ и барањето за промена на името на државата Македонија.

Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет очекуваат претседателските кандидати на Соединетите Американски Држави да останат доследни на демократските вредности на американското општество, не заборавајќи дека Македонија е сојузник со САД во три мировни мисии на НАТО во Авганистан, Ирак и Босна и во антитерористичката коалиција.

Кога Барак Обама зборува за Македонија поради Атина треба да се присети на геноцидот врз црнците од Африка, неговите претци, кои како робови, европските колонијални сили ги населуваа во Америка.
14.06.2008 извор: СМК прочитај повеќе
   следни  
 

Email дописи За СМК Приватност Контакт со СМК Ваш коментар Кон почетокот

© 2003 Светски Македонски Конгрес. Сите права се задржани.
Оваа страна и содржините со неа се заштитени со закон.

 


Резултати

Македонија и членството во НАТО и ЕУ: името или грчкото вето?!
22.03.2008 - 21 текстови
Името на Македонија и решавање на "спорот" со името со Атина
11.11.2004 - 239 текстови
 
Developed and hosted by
by brzi 2003