|
Втор весник на Македонците во Грција |
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Весникот се вика „Задруга“ и го издаваат поранешни членови на Виножито, кои се излезени од партијата и кои не сметаат дека истовременото излегување на двата весника на Македонците во Грција покажува дека, наместо обединети, како малцинство се раскарани |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||
За нецел месец во Грција излезе уште еден весник на Македонците, откако партијата Виножито го издаде првиот број на месечникот „Нова зора“. Списанието што излезе во печат деновиве се вика „Задруга“ и се планира да излегува на четири месеци, а го издава невладината организација Образовно и културно движење од Воден. Со невладината организација раководат поранешни членови на претседателството на Виножито, кои се излезени од партијата. Во првиот број на весникот стои дека го издаваат луѓе што ја сакаат македонската традиција и сакаат да придонесат за нејзино сочувување и за негување на културното наследство, кое поради историски и политички причини во Грција не било соодветно заштитено. Една од целите е и да се промовираат македонскиот јазик и традиционалните песни што се пеат на македонски. Симбол на весникот е дабот, чиј лист стоел на круната на македонските кралеви, а неговото издавање финансиски го помагале Македонци од Канада. На телефонскиот број што е објавен во првиот број на весникот одбија да дадат изјава со образложение дека им се јавувале други лица, кои телефонски лажно се претставувале дека се македонски новинари. И уредничката на весникот, која не зборуваше македонски и побара да не ја споменуваме, рече дека не се заинтересирани за публицитет и беше зачудена што сме заинтересирани за весникот. - Нам не ни треба публицитет, затоа што издавањето на весникот не е поврзано со надворешната политика - рече главната уредничка на „Задруга“. Според нејзините оцени, истовременото излегување на два весника на Македонците во Грција не покажува дека, наместо обединети, како малцинство се раскарани. - Колку повеќе весници има, толку подобро. Коинциденција е што нашиот весник излезе истовремено со оној на Виножито - изјави уредничката на весникот чиј прв број е испечатен во 1.000 примероци и кој се дистрибуира и по пошта. Трајанос Пасоис, еден од соработниците на „Задруга“, објаснува дека со Виножито се скарани и затоа одлучиле да печатат свој весник. Првиот број на месечникот „Нова зора“ беше испечатен во 20.000 примероци. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Веста е прочитана: 1299 Оценка: 4,81 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|