<< мај >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04
05 06 07 08 09 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31
2024

26 мај — 146-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (147-и во престапна година). Остануваат 219 денови до крајот на годината.

Настани:

1882  Германскиот бактериолог Роберт Кох (1843-1910) на собирот на берлинските лекари соопшти дека го открил бацилот што ја предизвикува туберкулозата и оти пронашол лек за оваа болест — тубекулинот. Кох го откри и причинителот на колерата од која во минатите столетија умираа десетици илјади луѓе во светот. За овој труд во 1905 година ја доби Нобеловата награда за медицина.
1972  Во Москва е потпишан договор меѓу САД и Советскиот Сојуз за ограничување на стратегиското јадрено вооружување.
1994  Весникот на албански јазикФлака е влазеримит“ почна да излегува како дневен весник.

Родени:

1478  Папа Климент VIIримски папа.
1566  Мехмед III — отомански султан.
1799  Александар Пушкин — руски поет и писател († 1837.).
1904  Владо Перлемутер — литванско-француски пијанист († 2002.).
1907  Џон Вејн — американски глумец.
1923  Хари Џонсон — канадски економист.
1926  Мајлс Дејвис — американски џез-музичар.
1926  Рафаел Ескалона — колумбиски композитор.
1938  Јаки Либецајт — германски рок-тапанар, член на групата „Кен“ (Can).
1939  Витали Галков — руски кану-спринтер.
1946  Мик Ронсон — англиски рок-гитарист.
1948  Стиви Никс — американска пејачка, членка на групата „Флитвуд мек“.
1962  Лени Кравиц — американски рок-музичар.
1967  Кевин Мур — клавијатурист на групата „Dream Theater“.
1971  Мет Стоун — американски продуцент.
1977  Лука Тони — италијански фудбалер.
1984  Микел Ниеве — шпански велосипедист.
1988  Хуан Квадрадо — колумбиски фудбалер.

Починале:

735  Беда Многупочитуван — англиски светец и историчар, наречен „Татко на англиската историја“.
1421  Мехмед I — отомански султан.
1512  Бајазит II — отомански султан (р. 1447.).
1917  Борис Дрангов — бугарски офицер.
2022  Енди Флечер — англиски електро-поп музичар.
2022  Реј Љота — американски глумец.